Фудбалерите на Баерн Минхен денеска гостуваат кај Унион Берлин, шампионот на Германија на ова гостување отпатува со авион од воениот аеродром во Минхен.

Мерките на претпазливост го направија своето, наместо од цивилен аеродром и преку ВИП влезот, фудбалерите на Баерн мораа да отпатуваат на ова гостување преку воениот.

Сите играчи на Баерн, тренерите носеа маски како заштита. Средбата меѓу Унион Берлин и Баерн Минхен се игра вечерва од 18-30 часот.