Баерн Минхен следната сезона ќе изгледа поинаку, најавено е подмладување на тимот, на чело со новиот тренер 33-годишниот Јулијан Нагелсман кој најави дека ќе создава нов тим, со помлади играчи.

Ова значи дека извонредниот Роберт Левандовски кој има 32 години би можело да го напушти легендарниот клуб од Германија.

Левандовски најави во минатото дека сака да ја смени клупската средина бидејќи има добри понуди, негов сон е да го облече дресот на Реал Мадрид, но сега сериозен интерес за полскиот репрезентативец доаѓа од Премиер лигата.

Два клуба наводно веќе најавиле интерес, Челси и Манчестер Сити го сакаат Левандовски во своите редови. Левандовски како опција чини околу 60 милиони евра, двата гиганти од англискиот фудбал имаат желба да го донесат во Премиер лигата.