Возбудувањата во Лигата на шампионите продолжуваат вечерва со натпреварите во Минхен и во Севиља.

Баерн Минхен по победата над Лајпциг во Бундес лигата го дочекува ПСЖ во воведната четвртфинална пресметка со амбиција за продолжување на победничката низа.

Без неколкумина стандардни протимци како што се Коста, Гнабри, Левандовски и Толисо, домаќините атакуваат на четврта победа во низа против тимот кој посакува шампионска титула.

Кај ПСЖ недостигаат Бернат, Флоренци, Икарди, Курзава, Паредез и Верати.

На вториот натпревар, Порто го дочекува Челси кој викендов загуби од ВБА во Премиер лигата со 5:2.

Вчера Реал Мадрид славеше против Ливерпул со 3:1 а Манчестер Сити беше подобар од Борусија Дортмунд со 2:1.