Германскиот фудбалски првак, Баерн Минхен најверојатно ќе се откаже од идејата за ангажман на Лерој Сане од Манчестер Сити и ќе се насочи кон преговори со напаѓачот на Барселона. Осман Дембеле.

Баварците повеќе од шест месеци се обидувале да најдат заеднички јазик со Манчестер Сити но од англискиот првак биле децидни, 95 милиони евра трансфер ошетата. Оваа сума била превисока за тимот од Минхен од каде сега се насочиле кон втората трансфер цел.

Најавените пристигнувања на Нејмар и на Гризман значат дека Дембеле нема да има првотимски статус следната сезона и поради ова напаѓачот го известил својот агент дека може да му бара нов клуб.

Оваа ситуација будно ја следат челниците на Баерн Минхен кои бараат ново засилување за крилните позиции во нападот по заминувањето на Робен но и на Рибери.