Германскиот фудбалски првак, Баерн Минхен посакува до крајот на летниот рок да го договори трансферот на Серџо Роберто од Барселона, пренесува „Ас“.

Новиот тренер на „Баварците“, Нагелсман верува дека Роберто може да биде од голема корист во екипата од која можно е наскоро да си замине Горецка.

Роберто има договор со Барселона до јуни 2022 година поради што е достапен за помалку од 30 милиони евра.

Баерн Минхен планира да достави понуда за едногодишна позајмица со обврзувачки откуп следното лето.