Голманот на Баерн Минхен,  Мануел Нојер го изедначи рекордот на легендарниот Оливер Кан откакко неговиот тим победи со 6-0 против Борусија Менхенгладбах.

За  Нојер ова беше  вкупно 204. натпревар во кој тој не прими гол на официјален меч, ова беше  444 настап, додека за истиот подвиг на Оливер Кан му беа потребни настапи на  557 натпревари.

Доколку Нојер запише уште еден меч без примен гол, тогаш ќе успее да го надмине Оливер Кан, што и не е така тешка задача.Нојер е веќе 10 сезони член на Баерн Минхен.