Баерн Минхен во вторниокот го декласираше Тотенхем на домашен терен со 7-2, а освен бодовите сакаат да земат уште нешто од Англика.

Имено, според Сан, „баварците“ планираат да го доведат талентираниот играч од средината на теренот Џуди Билинхам кој во моментот настапува за Бирмингам Сити во Чемпионшип. Тој трансфер би значел продолжување на трендот германскиот гигант покрај звучни имиња, доведва и млади надежни фудбалери. Минатото лето се засилија со Мусиалу и Мбија кои стигнаа од академијата на Челси.

Билинхам неодамна беше капитен на Англија за играчи до 17 години на турнирот во Сиренка на кој ја освоија титулата.