Шампионот на Германија, Баерн е во завршни преговори со Маурицио Покетино, Аргентинецот доби отказ од Тотенхем и сега преговара со гигантот од Минхен.

Меидумите од Германија пишуваат дека раководството на Баерн веднаш по мечот со Црвена Звезда во Лигата на шампионите започнува преговори со Покетино.

Хрватот Нико Ковач неодамна доби отказ, екипата ја води помошникот Ханс Флик кој е преодно решение.

Баерн нема да жали финасиски средства за да доведе искусен и проверен тренер, Покетино е идеално решение за шампионот на Германија.