Откако Ханси Флик порача дека на крајот на сезоната сака да го напушти Баерн, се огласија челниците на славниот клуб.

Баерн во соопштение наведе не ја поддржуваат едностраната комуникација во јавноста и дека ќе се обидат да го задржат.

„Во саботата тренерот Ханси Флик ја потврди својата желба на крајот на сезоната да го раскине договорот кој трае до јуни 2023 година. Флик минатата недела го извести Извршниот одбор на клубот за својата желба, а тренерот и клубот се договорија да се фокусираат на натпреварите против Волфсбур, Баер и Мајнц, како не би се пореметила атмосферата во клубот пред тие важни натпревари“- е пораката од германскиот и европски шампион.

„Баерн не ја одобрува едностраната комуникација на Ханси Флик и ќе ги продолжи преговорите со него после мечот со Мајнц, како што е договорено.“

Флик е незадоволен во Баерн, не се доведени фудбалерите кои ги сакаше, а има и лош однос со челниците на клубот, особено со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. Флик минатата сезона го освои германското првенство, Купот и Лигата на шампионите, а оваа сезона е на чекор до обрана на трофеите во Германија.