Раководството на Баерн се двоуми околу ангажирањето на Лерој Сане, кој сака да дојде во Минхен и кому во Манчестер Сити договорот му истекува во 2021 година, а нов не му нудат.

Раководството е поделено околу ова прашање и ќе разгледува повторно, кога ќе се знае колку би чинел овој трансфер.

Сосема поинаков е случајот со Тимо Вернер од Лајпциг и со Кај Хаверц од Баер, за кои Баерн ќе направи се за да ги доведе во својата екипа. За Вернер Баерн е подготвен да плати 50-60 милиони евра веќе во април.

Минхенскиот гигант го разгледува буџетот за летните инвестиции, кога планира да доведе 4 до 5 нови фудбалери.