Баерн беше голем фаворит на средбата од осминафиналето на Купот на Германија, против екипата на Хофенхајм. Улогата ја оправда, но мораше и да се помачи за да го совлада противникот. Конечниот резултат од овој натпревар е 4:3 (3:1).

Средбата неочекувано почна со два автогола, по еден за двете екипи. Кај Баерн се „истакна“ Боатенг, уште во 8. минута, но врати Хубнер, пет минути подоцна.

До крајот на првото полувреме за Баерн погодија Томас Милер во 20. минута и Роберт Левандовски во 36. минута.

Во вториот дел најпрво Левандовски во 80. минута го постигна својот втор гол, за 4:1, а потоа Хофенхајм со два гола на Дабур, во 82. минута и во продолжението, намали на 4:3.