Челси во последен момент го блокирал трансферот на Тимуе Бакајоко во Франција. Според островските медиуми, причината за прекинот на преговорите за едногодишна позајмица во „Кнежевството“ била бизарна.

Управата на Челси се сомневала дека Бакајоко ќе добие доволно минутажа во тимот на Монако и поради ова во последен момент биле стопирани преговорите и преселбата пропаднала.

Бакајоко бил многу лут поради ова и барал објаснување од Лампард. Сеуште нема потврда за разговорот на менаџерот и играчот но извесно е дека Бакајоко оваа година нема да биде стандарден играч на „Сините“ од Лондон.