Легендата на германскиот фудбал Михаел Балак тауспешно се опоравува од  операција за остранување на тумор што му бил дијагностициран во близина на рбетот.

Светските  медиуми објавија вечерва дека Балак ја минува рехабилитацијата во Португалија, а оперативниот зафат му бил извршен пред пет недели за време на корона карантинот во Германија.

Балак, кој се повлече од фудбалот во 2012 година, во кариерата на клупски план играше за Кајзерслаутерн, Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Челси освои четири титули од Бундеслигата, три од Германскиот куп, титула од Премиер лигата и два ФА купа со Челси. Балак беше и капитен на германската репрезентација, освојувајќи го второто место во 2002 и третото во 2006.