Шкендија доживеа нов дебакл на клупска сцена, работите не одат на добро кај македонскиот шампион, тоа е видливо по поразот од Дуделанж навивачите на тимот од Тетово реагираа бурно.

„Балистите“ по поразот од екипата од Луксембург го скандираа името на Ферхан Хасани – Буба кој е во преговори со шампионот на Македонија, во него гледаат спас од кризата која го понижува шампионот на Македонија.