Марио Балотели го раскина договорот со Бреша, поранешниот репрезентативец на Италија е во потрага по нов клуб, веројатно ќе се пресели во Васко де Гама, пишуваат медиумите од Бразил.

Трансферот на Балотели во Васко де Гама е извесен, но се чека да дојде 15 јануари и Италијанецот да биде слободен играч.

„Секој би сакал да игра за Васко де Гама, после Реал Мадрид нашиот клуб е втор најтрофеен во светот, Балотели овде би бил дочекан како Марадона“ – изјави спортскиот директор на клубот, Фабио Кордела.