Марио Балотели беше дел од Премиер лигата од 2010 до 2013 година носејќи го дресот на Манчестер Сити. Проблематичниот напаѓач се прослави во Англија со низата „глупости“ кои ги правеше на и надвор од теренот но ретко кој веруваше дека изјавите кои ги дава за медиумите во тоа време ќе бидат актуелни 8 години подоцна.

„Кога Ливерпул ќе ја освои титулата во Премиер лигата, тоа ќе биде крај на светот.“ – истакна Балотели во 2012 година.

Балотели подоцна во кариерата или поточно од 2014 до 2016 година играше и за Ливерпул и постигна 1 гол на 16 натпревари.

Со оглед на ситуацијата со пандемијата од коронавирусот, светот во моментов е пред колапс додека Ливерпул е во исчекување на развојот на настаните во Англија, потребни му се уште 5 бода до освојување на тронот на кој последен пат седеше во 1990 година.