Марио Балотели и Џорџо Кјелини ја смирија топката, откако „Супер Марио“ му прости на фудбалерот на Јуве за критиките испратени на негова адреса. Кјелини реши да му испрати копија од неговата автобиографска книга на кој испрати и порака да ги извади страниците во кои го критикува фудбалерот на Бреша.

Балотели го прифати извинувањето и како знак на простување во спротивна насока испрати потпишан дрес за неговиот поранешен репрезентативен колега.

Покрај Балотели, италјанскиот дефанзивец во својата автобиографија лошо мислење даде и за поранешниот негов соиграч од Јувентус Фелипе Мело, за кого вели дека бил „најлошиот од најлошите јаболка“.