Марио Балотели е нов играч на Бреша, дојде од Олимпик Марсеј како слободен играч, денеска официјално беше претставен како засилување кај повратникот во најсилната фудбалска конкуренција во Италија.

Балотели го одбра традиционалниот дрес со број 45 кај Бреша, поради суспензија од четири натпревари во Лига 1, новиот напаѓач на клубот ќе настапи дури во петото коло во калчото.

„Веројатно поголем дел од мојата кариера ја поминав надвор од Италија. Кога и кажав на мајка ми дека ќе имам можност да играм за Бреша и јас прашав што мисли за тоа, таа само почна да плаче. Беше многу среќна. Татко ми е од Бреша, тој навивал за тимот и негов сон беше да ме види како играм во овој дрес, па мислам дека и тој исто така е среќен“, открива Балотели.

Тој додава дека со претседателот на Бреша се има сретнато во Англија пред повеќе години. Вели дека Мино Рајола дошол до оваа идеа и не му било тешко да ја избере Бреша.