Поранешниот репрезентативец Марио Балотели се степал со соиграч на денешниот тренинг на Бреша.

Тренерот Фабио Гросо го закажал тренингот во три часот, а само половина час потоа, Гросо го избркал од тренингот Балотели поради инцидентот кој го направи контраверзниот напаѓач.

Револтираниот Балотели по инцидентот се упатил кон автомобилот и го напуштил тренингот. Останува да видиме дали Балотели ќе се соочи со нова суспензија, а сезонава не блеска, односно има постигано само два погодоци во својот матичен клуб.

Бреша по 12 кола во Серија А се наоѓа на последната позиција на табелата и ја очекува жестока борба за опстанок.