Контроверзниот напаѓач на Бреша, Марио Балотели бил во полиција за да се пожали дека бил уценуван од тинејџерка која од него барала 100 000 евра, неколку недели пред официјално да го обвини за силување.

Балотели се запознал со младата девојка во јули 2017 година додека играше за Ница. Според медиумите во Франција има две верзии на приказната.

Една е дека кога се случил настанот, таа не само што му кажала дека нема 18 години туку му ја покажала и личната карта за да докаже дека е малолетна. Според наводите на весникот, Балотели на полицијата и кажал дека кратко време бил во врска со девојката и дека по нејзино инсистирање имале секс во ноќен клуб и на приватна плажа.

Балотели бил во полиција на 22 декември 2017 година за да пријави дека е уценуван од девојката со 100 000 евра и тоа го потврдил и неговиот адвокат.

Девојката, чиј идентите засега е непознат била во полиција на 15 јануарио 2018 година за да пријави силување.

Познато е само дека тинејџерката е од Виченца, Италија а во Ница била на одмор.

Прелиминарното сослушување во суд е закажано на 24 март по што ќе се знаат повеќе детали околу ситуацијата во која се наоѓа поранешниот репрезентативец на Италија.