Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели е на чекор до враќање во Серија А и потпис со прволигашот Џенова на македонскиот капитен Горан Пандев.

Италијанските медиуми објавија дека Балотели ќе потпише договор на една година со Џенова.

Според медиумите, потпишувањето на договорот е само формалност, а Балотели пристигнува во Џенова како слободен играч.

Напаѓачот минатата сезона играше за Бреша, која испадна во Серија Б, и постигна пет голови на 19 натпревари.