Кинескиот прволигаш Тјанџин прогласи банкрот поради неодржливата финансиска ситуација.

Пандемијата со коронавирусот во Кина само ја продлабочила финансиската криза во која овој суперлигаш се наоѓал неколку месеци. Падот на еден од најпознатите кинески клубови започнал во 2019 година кога сопственикот Шу Јухуи завршил во затвор поради финансиски малверзации. Тој е осуден на 9 години затвор и казна од 7 милиони долари.

Во Тјанџин заиграа и голем број фудбалери кои во Европа имаа исклучителна кариера, а меѓу нив се Алешандре Пато, Алсел Витсел, Антони Модест, Луис Фабијано, Жадсон.

Тимот на клубот еден период беше предводен и од легендарниот Италијанец Фабио Канаваро.