Денеска се играат два натпревари од второто коло во Ла Лига, Енис Барди со Леванте го пречекува Вилјареал.

За Леванте ова е прв натпревар на домашен терен, во првото коло гостуваа кај Алавес  и беа минимално поразени. Барди ги одигра сите 90 минути на оваа средба.

Вилјареал во првото коло освои бод на дуелот со Гранада, средбата заврши 4-4, дури четири пати водеше денешниот противник на Леванте на овој меч, имаше предност од 4-2 но на крајот не победи.

Средбата, Леванте – Вилјареал се игра од 22 часот, два часа порано започнува првиот натпревар од второто коло, Гранда и Севилја.