Енис Барди се врати во почетниот состав за Леванте, постигна гол од слободен удар со „мангупски“ потег, го надмудри блокот на Валјадолид и запиша гол од прекин по пауза од 842 дена.

Македонскиот репрезентативец голот го посвети на своето семејство, но додаде дека никогаш не загубил самодоверба по повредата во ноември.

„Долго време бев без гол од слободен удар, но никогаш не ја загубив самодовербата. Сакам да му се заблагодарам на стручниот штаб, пред мечот ме советуваа да се обидам со низок шут, анализата покажала дека играчите на Валјадолид секогаш скокаат и оставаат многу простор за ваков обид“, истакна Барди.