Енис Барди за албанската телевизија „Суперспорт“ говореше за својата кариера но и за теми кои често се „незгодни“ за разговор.

Играчот на Леванте и македонската репрезентација во емисијата  „Спорт тајм“  изјави дека со Македонија сака да направи нешто големо  иако е етнички Албанец, посебно го издвои натпреварот со Косово во Скопје.

„Натпреварот со Косово беше посебен, откако заврши, добив позитивни, но и негативни коментари. Јас сум Албанец и никој не може да го негира тоа, но сега го давам максимумот за Македонија за напредок на професионален план. Мојот сон е да настапам на Европско првенство, сакам да направам нешто големо со Македонија“ – изјави Барди.