Македонскиот репрезентативец Енис Барди се врати во составот на Леванте по повредата и ги одигра последните 20. минути на натпреварот со Севилја.

Барди влезе во игра во 63 минута од натпреварот на кој Севилја победи со 1-0 со голот на Лук Де јонг во 86 минута.

Ова се добри вести за селекторот Игор Ангеловски во пресрет на последните два квалифкациски меча за ЕУРО 2020 година во ноември.

Македонија се среќава со Австрија на гости и Израел во Скопје каде од овие два меча бараме бодови за третото место во групата.