Еден од носителите на Макеонската фудбалска репрезентација и член на Леванте, Енис Барди во интервју за шпанските медиуми  и даде коментар за можниот пласман на нашата репрезентација на Европското првенство.

„Натпревар е закажан за Скопје и ние сакавме да играме со фанови затоа што е многу важно. Тоа е историски меч и подобро е да се игра со публика затоа што ние во Македонија чекаме 20 години да се пласираме на Европско првенство“ – изјави Барди.

За потсетување дуелот меѓу Македонија и Косово е презакажан за 4.јуну, а засега нема информации дали тој дуел ќе се игра пред полни трибини.