Креативецот на Леванте, Енис Барди е оптимист пред дуелот на Македонија и Косово во Скопје од полуфиналето во Лигата на нации на УЕФА.

Енис Барди верува дека Македонија има квалитет и капацитет за да се пласира во големото финале.

 „Македонија ми даде шанса да дабитирам на 19 години за што сум вечно благодарен. Не очекува дуел со Косово, за мане ова ќе биде многу емотивен меч. Мојата мајка е од Косово ама јас на теренот ќе играм за Македонија и ќе направаме се што можам за да победиме. Ние играме за пласман на ЕУРО 2020. Јас ќе уживам во мечот, знам дека ќе биде тежок и тврд но верувам дека ние сме подобри. Се надевам дека нема да има неспортски работи. Ние играме дома и ќе направиме се што треба за да победиме а потоа да се пласираме на ЕУРО.“ – изјавио  нашиот репрезентативецм Енис Барди за „Приштина 17“.

Засега останува неизвесно дали на овој натпревар, закажан за 26 март ќе има публикана трибините на „Тоше Проески“ поради новонастанатата ситуација со Корона вирусот.