Македонскиот репрезентатиц, Енис Барди со настапот на натпреварот против Атлетик Билбао се запиша во историјата на Леванте како четвртиот играч по бројот на настапи во Ла Лига (126), по Моралес кој има 223, Роџес 159 и Хауфран со 153 натпревари.

Барди во изјава за клупската телевизија посочи што не очекувал да направи.

„Горд сум што сум дел од историјата на овој клуб, да се биде во друштво на Роџес, Хуанфран, Моралес е неверојатно. Јас не сонував дека ќе одиграм волку натпревари. Среќен сум во Леванте и ќе натправиме се што можеме за да избориме опстанок во Ла Лига.“ – изјави Барди.