Фудбалерите на Леванте утре се домаќини на Валенсија во градксото дерби кое е дел од 27 коло во Ла Лига.

Нашиот репрезентативец, Енис Барди се опорави во целост од повредата на мускулот и се враќа во ритам.

„Ова е еден прекрасен град кој носи мотивација. Четврта година како сум во Валенсија, животот е прекрасен, носи многу можности, а фудбалот страст што дополнително ве тера да се заљубите во овој град. Верувам дека утрешното дерби ќе ни донесе ново возбудување иако за жал ќе играме без навивачите на трибините.“ – изјави Барди во пресрет на утрешниот меч.