Македонската репрезентација , попладнево ќе се пресели во Амстердам , во пресрет на мечот со Холандија во рамките на ЕУРО 2020, кој нашите репрезентативци , ќе го одиграат на Јохан Кројф арената во понеделник во 21. часот.

Енис Барди ,смета дека Македонија нема што да загуби , и само може да потврдиме дека сме квалитетна репрезентација на последнот дуел на ЕУРО.

„Во второто полувреме покажавме многу сила, покажавме дека можеме да играме и против силни репрезентации. Украина беше добра по наша изгубена топка, ние не ги искористивме некои шанси што ги имавме и нормално дека на ова првенство една мала грешка, една мала ситница ќе ве казни. Имаме уште еден натпревар, одиме до крај да одиграме за престиж и за потврда на квалитетот на оваа репрезентација“ – вели Барди, притоа дополнувајќи: