Николо Барела важи за еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, а минатото лето го засили Интер до редовите на Каљари.

Барела сезонава го спаси Интер од пораз во првото коло од Лигата на шампиони против Славија Прага, откако Антонио Конте го уфрли во игра. Токму италјанскиот стратег според Барела е причината за добрите игри на Интер сезонава.

„Би умрел за него и јас но и моите соиграчи. Тоа е тоа што го разликува Конте од останатите тренери. Спремни сме да убиеме за него. Тоа не е поради физичката подготвеност, тоа е поради советите кои ни ги дава. Тој размислува различно од другите тренер. Едноставно е специјален“-изјави Барела.

Интер утре на Сан Сиро во дербито на Италија против Јувентус ќе се обиде да го задржи 100 процентниот учинок во Серија А.