По средбата меѓу Барнли и Арсенал, одигран на стадионот „Торф Мур“ и завршен со резултат 0:0, тренерот на Арсенал, Микел Артета, се пожали дека високата трева го спречи неговиот тим да победи.

Барнли му одговори со новата слика на неговиот акаунт на твитер, на која е даден дел од тревникот „виновен“ за неуспехот на Арсенал.