Барселона ја одби понудата од Баерн од 70 милиони евра за францускиот фудбалер Усман Дембеле.

Се шпекулира дека Каталонците без проблем би го пуштиле фудбалерот да се врати во Бундеслигата, но цената не смее да биде помала од 100 милиони.

По заминувањето на Франкс Рибери и Робен, Баерн е во потрага по нови фудбалери кои ќе може да ја покриваат таа позиција.