21-годишниот Дани Олмо е трансфер цел на Барселона летово, тврдат медиумите од Шпанија. Членот на Динамо Загреб пристигна во Хрватска токму од академијата на каталонскиот клуб, од каде сега се заинтересирани да го вратат младинскиот шпански репрезентативец.

Шпанска Марка додава дека за Олмо веќе има една понуда и тоа од 25 милиони евра, доставена од Баер Леверкузен, но се чини дека доколку пристигне понуда од Барселона, таа ќе биде попримамлива за младиот шпанец.

Олмо, кој пристигна во Динамо во 2015-та година, сезонава одигра 44 натпревари за хрватскиот шампион, постигна 12 голови и асистираше во девет наврати.