Барселона со победата над  Борусија Дортмунд од 3-1 го завери својот пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Од првата минута на овој меч настапи и  Османа Дембеле кој неодамна се опорави од повредата. Сепак, Французинот немаше среќа и по само 25 минути Ернесто Валверде мораше да го извади бидејќи повторно се повреди. Тој се здоби со повреда на задната ложа, повреда поради која ќе отсуствува до крајот на календерската година, а тоа значи дека ќе го пропушти „Ел Класико“.

Покрај дербито против Реал Мадрид, Барселона без крилниот напаѓач ќе биде и за мечот со Атлетико Мадрид кој на програмата е во недела, а „каталонците“ гостуваат на „Ванда Метрополинатано“.