Лионел Меси првиот натпревар за Барселона во новата сезона ќе го игра кон средината или на крајот од септември.

Ова го најавува Шпанска „Марка“ и тврди дека Аргентинецот тренира индивидуално и извесно е дека нема да биде подготвен за дуелот со Осасуна овој викенд.

Медиумите од Пиринеите прогнозираат дека Валверде нема да ризикува да го враќа Меси во почетниот составот се до пресметката со Валенсија на 14 септември

Постои можност, 32 годишниот напаѓач да добие дополнително време за подобро да се подготви пред да добие шанса.