Победата над Гетафе остана во втор план откако стана познато дека левиот бек на Барселона, Жорди Алба ќе мора да паузира најмалку три недели по повредата на мускулот.

Ова го потврдија „Каталоците“ со што Сетиен на позицијата лев бек за пресметките со Наполи во ЛШ и со Реал Мадрид во Ла Лига ќе го има на располагање само Јуниор Фирпо. Има шанси во првиот тим на Барса да добие шанса и младиот Роналд Араујо.

Од друга страна формата на Лионел Меси повторно не е на посакуваното ниво, барем што се однесува до постигнувањето голови. Аргентинецот на последните четири меча не се запиша во листата на стрелци иако има неколку асистенции.