Барселона на само неколку дена откако го продолжи договорот со големиот талент Педри, им дојде лоша вест, а истата доаѓа од агентот на Ансу Фати. Неговиот менаџер Хорхе Мендеш сака многу пократок одговор од она што Барселона го нуди.

Каталонскиот великан сака со договор сака со договор да го врзе крилниот напаѓач на пет години, додека Мендеш инсистира на максимум две годни.

Причина за тоа е што Барселона моментално не може да му понуди богат договор, па Мендеш сака неговиот клиент наскоро да преговара и за поголем договор. Исто, така Барселона се наоѓа тешка финансиска ситуација  и агентот на Фати смета дека е преризично да се обврзува на долга верност во овој момент.

Барселона сака и да му стави клаузула од милијарда евра за трансфер, но Мендеш не сака да слушне за тоа.