Интересот на Барселона за Мемфис Депај е уште од минатото лето, а неговото доаѓање на „Камп Ноу“ се гледаше како сигурен трансфер на раководството, па дури се шпекулираше и за можниот датум за негово претставување бидејќи наводно се било финализирано околу договорот и се чекал само неговиот потпис.

Сепак, лошата финансиска состојба на „Камп Ноу“ би можела да биде причина за нов болен удар за Каталонците, откако од истата причина пропадна договорот со Џорџинио Вајналдум.

Мундо Депортиво“ пренесува дека во преговорите повторно се вклучил Јувентус, а овојпат „Старата дама“ на Депај му понудила 3 милиони евра поголема плата.

Барса се обидела да возврати со дополнителна година во времетраењето на договорот, меѓутоа проблем е што Каталонците не можат да ја зголемат фиксната плата, бидејќи буџетот е преоптоварен.