Барселона денеска го бира новиот претседател, четири месеци месеци откако се повлече Жосеп Марија Бартомеу, а неполна недела откако поранешниот претседател беше уапсен поради аферата Барсагејт.

Хоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреича се кандидати за 42 претседател на Барселона. За победникот одлучуваат 110.290 полноправни членови на клубот, од кои 20.7% гласовите ги пратија преку пошта, што за прв пат е дозволено поради пандемијата.

Останатите денеска излегуваат на гласање на шест избирачки места во Барселона и другите каталонски градови, кои се отворени од 9 наутро до 21 часот. Гласањето надвор од Барселона исто така е прв пат дозволено поради панедемијата. Досега можеше да се гласа искучиво во главниот град на Барселона.