Барселона веќе влегува во очај, најновата понуда е 100 милиони евра  и листа од шест играчи од кои ПСЖ може да  избере двајца, ова го тврди „Скај“ од Германија.

ПСЖ може да избере  два играчи од оваа листа: Ракитиќ, Семедо, Кутињо и Малком, за останатите двајца „Скај“ не открива за кои играчи станува збор.

Проблем за Барселона е што Ракитиќ и Кутињо не сакаат кај ПСЖ, шампионот на Франција го проценува Нејмар на 250 милиони евра, го купи од Барселона за 222 милиони.