Мундо Депортиво и Депортес Кватро тврдат дека управата на Барселона е во катастрофална положба и мора да реагира брзо, ако сака да го задржи реномето но и позицијата на клубот во Шпанија.

Барселона до утре мора да обезбеди документ со кој ќе докаже дека играчите се согласиле на намалување на платите и според таа пресметка ќе и обезбедат мир на Барса до крајот на оваа календарска година.

Во прашање се 180 милиони евра, сума која тешко дека ќе се обезбеди само од намалувањето на платите.

Ако ситуацијата не се кристализира, поточно не биде најдено ново соломонско решение, Меси и Гризман како и останатите со високи плати овој јануари ќе може да си заминат без трансфер оштета.