Бартомеу повторно бара ново намалување на платите на играчите и на сите вработени во ФК Барселона поради финансиската криза во која се најде клубот по појавата на Ковид-19 пандемијата во светот.

Според последните најави од Шпанија, Барселона е до тој степен во криза што повеќе не е кредитоспособна за да може да се обрати до банките и да добие заем за покривање на „дупките“ кои се` повеќе се зглемуваат.

Барселона мора до 22 октовмри да донесе одлука што ќе прави по однос на намалувањето на трошоците. Меси е клучен во оваа приказна затоа што тој треба да ги убеди соиграчите да прифатат ново намалување од 30% од платите за следните три месеци.

Засега нема никаков договор, Бартомеу е пред заминување а внатрешна контрола од адвокати и финаниски инспектори го „чешлаат“ работењето на клубот во последните пет години.