Управата на Барселона се соочува со можеби најтешкото трансфер лето во последните дваесет години. Ако во минатото доволно беше клубот од „Камп Ноу“ само да покаже интерес а цела работа да ја завршат играчите кои се нетрпение сакаа да го носат дресот на Барса, сега тоа воопшто не е случај.

Лаутаро Мартинез од Интер ќе се пресели во Барселона само ако тимот од Италија добие на смета 111 милиони евра. Јувентус за Миралем Пјаниќ ги бара Артур Мело и Осман Дембеле, и ова е проблем за „каталонците“

Откако преговорите со калчолигашите се ставени во мирување, од Барселона бараат други решенија, како што е Обамејанг од Арсенал.

Видал, Нето, Умтити засега не се интересни за клубовите кои предходно сакаат да ги купат, најавениот камп-бек на Нејмар ќе мора да почека а Барселона да најде ново решение за најавената рекострукција на тимот каде виси и договорот со Лионел Меси.