Големиот талент и супер засилувањето  на Барселона , Френки де Јонг,  во Шпанија ќе допатува во четврток, ден подоцна ќе биде официјално претставен на навивачите.

Де Јонг има 22 години, дојде од Ајакс за сума од 75 милионо евра плус 11 милиони бонуси, потпиша договор во јануари и конечно ќе и се приклучи на Барселона.

Новиот играч на Барселона од средниот ред  најнапред ќе треба да ги мине вообичаените медицински прегледи, потоа ќе му се приклучи на тимот со кој ќе оди на подготовки од  14 јули.