Мартин Брајтвајт е замената за Усман Дембеле и Луис Суарез во Барселона, откако данскиот репрезентативец за 18.милиони евра пристигна  од Легањес.

Тој со „каталонците“ потпиша 3,5-годишен договор, а во текот на утрешниот ден треба да ги мине медицинските прегледи. За Легањес сезонава на 26 натпревари постигна шест погодоци.

Кариерата ја започна во дански Есбјерг, а настапуваше и за  француски Тулуз од 2013 до 2017 година, од каде се  пресели во Мидлзборо, каде се задржа само една сезона.