Преговорите кои траат веќе еден месец се пред крај. Шпанска Марка тврди дека Барселона се согласила да му плати на Бетис, 25 милиони евра за левиот офанзивен бек, Жуниор Фирпо.

Валверде во 22 годишниот лев бек гледа директна замена за Алба кој остана без конкуренција во тој дел на дефанзивната линија на Барселона.

Фирпо треба да биде преставен во дресот на „каталонците“ до крајот на следната недела а да потпише петгодишен договор.