Фудбалската репрезентацијата на Романија до 21 години беше вистинско изненадување на ЕП за фудбалери во оваа категорија.

Во нивниот состав највеќе се истакна Јанис Хаџи, талентираниот офанзивец на Виторул Константа кој е син на легендарниот Георге Хаџи.

Шпанскиот првак  Барселона веќе наводно понудила осум милиони евра за услугите на Хаџи јуниор.

Од таборот на Виторул тврдат дека Барса не е единствената екипа која се интересира за него,туку дека списокот на екипи е подолг и навистина ќе биде тешко да се задржи овој играч и наредната сезона да биде дел од романскиот тим.