Репрезентативецот на Бразил, Нејмар, се враќа во Барселона која пред само две години го продаде  на ПСЖ за рекордни 222 милиони евра. Ова го тврди добро упатениот „Глобо Еспорте“ од Бразил , весник кој најавува дека Нејмар е во завршни преговори со Барселона.

Глобо Еспорте се повикува на извори од двата клуба, според овој влијателен весник, Нејмар по само две години ќе се врати кај Барселона во која настапуваше од 2-13 до 2017 година кога потпиша за ПСЖ. Кај шампионот на Франција во овие две сезони, одигра 37 натпревари и 34 пати се запиша во листата на стрелците. Во ПСЖ се незадовлни од неговиот учинок, Нејмар најави дека не му е убаво во Франција  и се чини дека е извесно неговото заминување.

Двата клуба интензивно преговараат, Барселона нуди 100 милиони и еден играч, многу веројатно е тоа да биде Иван Ракитиќ кој е на листата за заминување од Барселона.